Извршени напади на воени руски аеродроми
Донесена е одлука за задолжителна евакуација на жителите на Глушков во Курска област...

Киев тврди дека го извршил најголемиот напад со дрон на четири руски воени аеродроми во регионите Воронеж, Курск и Нижнигород. Москва пак, дека заробиле две украински бригади во Курската област додека Зеленски изјави дека ја постигнуваат својата стратешка цел во рускиот регион.
„Напредување во Курск оди добро, ја достигнуваме нашата стратешка цел, значително го зголемивме разменскиот фонд за нашата земја. Би сакал да им се заблагодарам на сите наши војници за прецизните, вешти и ефективни удари на руските аеродроми“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Донесена е одлука за задолжителна евакуација на жителите на Глушков во Курска област. Киев соопшти дека ќе формира тампон-зона во областа за хуманитарните меѓународни организации. Во истовреме во областа Суми на границата со Русија се забележани зголемен број украински воени возила.
