СЗО

СЗО прогласи вонредна состојба поради мајмунски сипаници

15.08.2024 08:55

Се чини дека новата варијанта полесно се шири преку рутински близок контакт...

СЗО прогласи глобална вонредна состојба за јавното здравство по втор пат во последните две години, бидејќи се шири нова форма на мајмунски сипаници кои избувнаа во Конго, а потоа се проширија и во соседните земји. Се чини дека новата варијанта полесно се шири преку рутински близок контакт. Предизвикува симптоми слични на грипот и гнојни лезии по телото, болеста е најчесто блага, а во ретки случаи и фатална. Досега вкупно 13 земји пријавиле случаи на мајмунски сипаници.
 

„Бројот на пријавени случаи годинава го надмина вкупниот број од минатата со повеќе од 14.000 заразени и 524 смртни случаи. Ситуацијата претставува вонредна состојба за јавното здравје. Итен случај за јавно здравје од меѓународна загриженост е највисокото ниво на тревога според меѓународното здравствено право. Јасно е дека е неопходен координиран меѓународен одговор за да се запрат овие епидемии и да се спасат животи“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.