САД
Камала Харис со водство пред Трамп во пет сојузни држави
15.08.2024 09:05
Според најновата анкета Харис води пред Трамп во пет од седумте држави кои се сметаат за изедначени, а со тоа и клучни за победата на претседателските избори...

Камала Харис води во претседателската трка пред нејзиниот републикански кандидат Доналд Трамп во клучните пет држави. Според најновата анкета Харис води пред Трамп во пет од седумте држави кои се сметаат за изедначени, а со тоа и клучни за победата на претседателските избори.
Во мај годинава, Трамп имаше предност пред Џо Бајден во шест сојузни држави, додека беа изедначени во една, пред Бајден да се повлече, но оттогаш, се чини дека има голема промена во размислувањето на американските гласачи во корист на Камала Харис.
