Препораките поради топлото време важат и денеска
Работодавците треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено за да се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата...

Владата ги продолжи дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран. И денеска се ослободени од работни обврски најранливите групи граѓани, бремените жени и лица на возраст над 60 години.
Работодавците треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено за да се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата. Препорачуваат во градинките да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата.
