И годинава „Новогодишни бои на Скопје“

11.12.2013 11:41

Градот Скопје и оваа годинава во рамките на Новогодишните и Божиќните свечености ја организира веќе традиционалната манифестација “Новогодишните бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти коишто сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265,  од 9 до 16 часот, од 11 до 23 декември 2013 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на Интернет-адресата [email protected] или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.

Град Скопје  и година, традиционално избира:

  1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
  2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
  3. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
  4. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.