Охрид

Пожарот на планината Галичица и натаму активен

15.08.2024 13:17

Стотина детонации од гранати од Првата светска војна ја тресат планината. Од рано утрово стотици волонтери се придружија на ренџерите, пожарникарите и планинската спасителна служба...

Единаесет денови беснее пожарот на Галичица. Стотина детонации од гранати од Првата светска војна ја тресат планината. Од рано утрово стотици волонтери се придружија на ренџерите, пожарникарите и планинската спасителна служба. Три авиони од охридска и еден хеликоптер на преспанска страна, се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Известува Соња Рилковска