Над 100 затвореници кои добиле привремен излез, воопшто не се вратиле во КПУ „Идризово“
111 затвореници го напуштиле затворот Идризово и не се вратиле по дозволениот излез за викенд, соопштија од Управата на затворот. Во најголемиот казнено поправен дом во државата сè уште има пренаселеност, лоши услови и малку затворски полицајци. По реновирањето повторно е пуштен „петтиот оддел“, каде ќе има место за околу 100 затвореници, амбулантата и Приемното одделение...

Недостигаат 111 затвореници во најголемиот затвор во Македонија „Идризово“. Биле пуштени на привремен излез, но не се вратиле. Пред две недели имало обид и за бегство со скокање преку ограда, велат од Управата на затворот.
Сè уште има пренатрупаност и лоши услови во „Идризово“. Во повторно отвореното „петто крило“ за 100-тина затвореници, ќе се премести и амбулантата и Приемното одделение во затворот.
Корупцијата, криминалот, недостиг од затворски полицајци се и натаму проблеми во затворите во Македонија, коишто новата управа планира да ги подобри во својот мандат.
Ирина Гелевска
