ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Доделени договорите за закуп на државно земјоделско земјиште

15.08.2024 14:38

Склучени се 967 договори за закуп на 2.700 хектари државно земјоделско земјиште. На почетокот на септември ќе биде објавен нов јавен повик за закуп на земјоделско земјиште. Во тиквешијата почна бербата и откупот на грозјето …

Нема да има селективност во распределбата на земјоделското земјиште во државна сопственост и на земјоделците ќе ги понудиме сите земјоделски површини со цел тие веднаш да почнат да се обработуваат. Министерот за земјоделство во Свети Николе врачи 84 решенија за закуп на околу 250 хектари плодно земјиште во овчеполието

Најголем дел од решенијата за закуп на земјоделско земјиште има во Свети Николе, Прилеп и Куманово. А во тиквешијата почнува бербата на грозјето, чија откупна цена треба да биде за 25 насто повисока од производната

Годинава се очекува помал род на грозјето пред сè заради проблемите со наводнувањето, а заради високите температури и бербата се реализира порано.

 

Славица Величковска