Битка за чисто Скопје
Откако скопските градоначалници побараа одземање на ингеренции на градоначалничката на Скопје Арсовска, по зголеменото незадоволство и проблемите со комуникацијата - низа реакции во јавноста. Што вели Законот за покревање на оваа постапка, дали тогаш општинските татковци ќе добијат одврзани раце да управуваат и да се докажат дали може да ги средат проблемите?

Премиерот Мицковски очекува во разумен рок градоначалничката Арсовска да почне да си ја работи работата, во спротивно вели, ќе се преземат соодветни дејствија. Владата е подготвена вели да ги решава сите проблеми кои се реалност, бидејќи тоа го очекуваат и граѓаните, а не префрлување на вината од еден на друг-додаде тој.
Скопје не функционира, потребна е брза реакција на Владата во полза на граѓаните, одземање на ингеренциите на јавните претпријатија-порача и денеска претседателот на ЗЕЛС Ѓоргиевски. Градот е непријатно место за живеење за скопјани и лоша слика за туристите кои го посетуваат. Граѓаните плаќаат за одржување, а контејнерите се преполни со отпадоци и парковите не се одржуваат, обвини Ѓоргиевски.
Градоначалничката Арсовска само во писмени реакции ги произнесува своите ставови кои се веќе познати, дека градоначалниците според неа се виновни за нехигиената во градот и дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат проектите во интерес на граѓаните.
Александра Велинова
