Македонија

Блерим Рамадани избегал од домашен притвор, се бара со централна потерница

15.08.2024 17:36

Од домашен притвор избега Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше приведен по потерница од Интерпол, на барање на Србија. Се сомничи за извршени воени злосторства...

Од домашен притвор избега Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше приведен по потерница од Интерпол, на барање на Србија. Се сомничи за извршени воени злосторства. Сега се бара со централна потерница, бидејќи е недостапен за органите на прогонот.

Според сознанијата, Рамадани избегал вчера, на денот кога од Кривичниот суд одлучиле мерката притвор да му се преиначи во затворска од 30 дена поради опасност од бегство. Српскиот министер за внатрешни работи побара објаснување од нашите државни органи, нарекувајќи го бегството скандалозно

За случајот се огласи министерот за внатрешни работи, Тошковски.

„Полицијата постапила согласно со закон и максимално професионално. Лицето беше предадено на судот по барање на „Интерпол“, што е во согласност со позитивните законски прописи. СДСМ да престане со празни обвинувања, а ние и понатаму ќе бидеме фокусирани на вистински решенија за подобрување на состојбата во државата“, вели Тошковски во писмената реакција, која доаѓа по барањето на опозицијата да даде оставка бидејќи велат, МВР нема контрола над државата.