Македонија

Дачиќ бара објаснување од македонските власти за бегството на Рамадани

15.08.2024 20:03

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека Белград бара објаснување од државните органи на Северна Македонија за бегството на Блерим Рамадани, кој беше уапсен земјата по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија.

Дачиќ изјави дека бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија е скандалозно.

„Бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија е скандалозно. Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово, а кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој кој е уапсен по наша меѓународна потерница да избега од домашен притвор. Или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, се е дозволено и простено“, рече Дачиќ.