Регистриран првиот случај на мајмунска сипаница во Европа
Шведската агенција за јавно здравје го забележа првиот случај на зараза со нова варијанта на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент, односно во Европа...

Шведската агенција за јавно здравје го забележа првиот случај на зараза со нова варијанта на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент, односно во Европа, јавува Би-би-си.
Едно лице од Шведска се заразило за време на неговиот престој во Африка.
Најмалку 450 луѓе починаа од мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, а болеста оттогаш се прошири во областите на централна и источна Африка.
Симптомите првично се слични на грип, а може да се појават и кожни лезии. Оваа болест може да доведе и до смрт, а сегашните статистики покажуваат дека секој четврти човек од 100 заболени умира.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера прогласи глобална вонредна состојба на јавното здравје поради ширењето на вирусот „Мпокс“, порано познат како мајмунски сипаници.
