Македонија

ЦУК: Активни се повеќе од 20 пожари низ Македонија

15.08.2024 20:18

Повеќе од 20 пожари се активни низ Македонија, соопштија попладнево од ЦУК. Освен на Галичица, битка со огнени стихии се води и кај Јасен – Белица во Македонски Брод...

Повеќе од 20 пожари се активни низ Македонија, соопштија попладнево од ЦУК. Освен на Галичица, битка со огнени стихии се води и кај Јасен – Белица во Македонски Брод.

Пожари има и на териториите на општините: Кичево, Маврово Ростуше, Битола, Кочани, Пробиштип, Палсница.

Освен овие, активни се и повеќе пожари во кои гори нискостеблеста вегетација. Во текот на вчерашниот ден, имало вкупно 49 пожари, од кои 7 биле ставени под контрола, а 30 изгаснати.