Украина должи 5,3 милијарди долари за руски гас
Украина нема платено 11,5 милијарди кубни метри руски гас...

Долгот на Украина за увезен руски гас достигна 5,3 милијарди долари, изјави директорот на Гаспром Алексеј Милер. Украинската државна нафтена компанија „Нафтогас” не го платила гасот за првите две недели од јуни, а крајниот рок според договорот бил вчера.
„Украина не плати затоа што не се согласува со цената на гасот која ја одреди „Гаспром”, соопшти претставничката на украинската компанија Алена Осмоловскаја.
Украина минатиот месец увезла 1,7 милијарди кубни метри руски гас, во вредност од 838 милиони долари. Со тоа вкупниот долг на Украина за гас достигнал 5,296 милијарди долари, односно не се платени 11,5 милијарди кубни метри руски гас. Гаспром на 16 јуни го прекина снабдувањето со гас на Украина, затоа што не беше платен авансот за јунските количества.
Свето Николовски
