Пожари

Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода врз пожарите кај Јасен, Дупјани и Галичица

15.08.2024 20:43

Во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода...

Денеска (15.08.2024) хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани, кичевско и Галичица.

Како што соопшти МВР, во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода.