СветИзраел

Кирби: Преговорите за Газа се ветувачки, продолжуваат утре во Доха

15.08.2024 21:46

Преговорите за примирје во Газа и за враќање на израелските заложници треба да продолжат утре во Доха, денешните се ветувачки почеток – изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби...

Преговорите за примирје во Газа и за враќање на израелските заложници треба да продолжат утре во Доха, денешните се ветувачки почеток – изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби. Рече дека американски претставници биле директорот на ЦИА, Бил Бернс и координаторот на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет Мекгурк кои разговарале со претставници на Израел, на Катар и на Египет.

Египетските и катарските посредници ќе разговараат и со Хамас, откако палестинската организација соопшти дека нема да учествува на состаноците во Доха.