Пентагон: Москва повлекува војници од Украина
Продолжуваат судирите меѓу украинската и руската војска на територијата на Руската Федерација, додека Москва ги преместува своите војници од позициите на окупираната територија на Украина во областа Курск-тврди Пентагон...

Продолжуваат судирите меѓу украинската и руската војска на територијата на Руската Федерација, додека Москва ги преместува своите војници од позициите на окупираната територија на Украина во областа Курск-тврди Пентагон.
„Видовме дека некои руски единици беа пренасочени од операциите во Украина кон областа Курск. Ова се само рани извештаи. Не можам со сигурност да ги кажам бројките или нивните цели, но видовме одредено движење“, изјави Сабрина Синг, заменик секретар за печат на Пентагон.
Зеленски вели украинската војска има под контрола 82 населени места. Во тековниот упад презеле целосна контрола и врз рускиот град Суџа. Создадена и првата воена командска канцеларија во Курск.
„Имаме нов напредок. Генералот Сирскиј извести за ослободувањето на градот Суџа од руската војска. Таму се формира Украинска воена команда. Ослободени се и неколку други населени места. Севкупно, веќе има над 80. Му благодарам на секој наш воин кој го обезбедува сето ова“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Русија пак, вели дека ги турка назад украинските единици и известува за стотици смртни случаи на украинска страна додека продолжи да го евакуира населението од борбените зони. Рускиот министер за одбрана изјави дека наредил формирање „координативен комитет“ во регионите на Русија кои биле погодени од украинскиот упад. Во исто време, Белорускиот претседател Лукашенко изјави дека преговорите меѓу Русија и Украина се можни доколку западните земји се за тоа.
