Во Доха продолжуваат мировните преговори за Газа
ОН го осудија мрачниот број загинати, критикувајќи ги повторливите неуспеси на израелските одбранбени сили за почитување на правилата за војна...

Преговорите за прекин на огнот во Газа продолжуваат во Доха. Доаѓаат во момент на извештаи за загинати над 40 илјади луѓе во војната. ООН го осудија мрачниот број загинати, критикувајќи ги повторливите неуспеси на израелските одбранбени сили за почитување на правилата за војна. Во меѓувреме, ситуацијата во регионот останува тензични. Продолжи размената на оган на либанско-израелската граница, додека израелската армија продолжи со операции за минирање тунели во Рафах и уништување на Хамас. Тврдат дека досега елиминирале 17 илјади милитанти.
„Војската продолжува да се бори во Газа, маневрира во Рафах, Кан Јунис, центарот на Појасот Газа и напаѓаат насекаде. Досега убивме над 17.000 терористи. Продолжуваме да собираме разузнавачки информации и да се подготвуваме за удари од сите арени. На врвот сме на подготвеноста за напад и одбрана и ќе постапиме во согласност со инструкциите на политичко ниво“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.
Белата куќа се надева дека прекинот на огнот ќе ги смири тензиите во регионот и ќе го убеди Иран да се воздржи од одмазднички одговор за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас. Соопштија дека нападот може да дојде во секое време и без многу известување.
