свет
Црвен аларм во Јапонија поради тајфунот „Ампил“
16.08.2024 08:43
Тајфунот се засилува во Пацификот и се очекува дополнително да зајакне во следните 36 часа до ураган од трета категорија...

Откажани летови и прекинат железничкиот сообраќај во Јапонија поради тајфунот „Ампил“ чие влијание веќе се чувствува на копното, носејќи обилни дождови и ветер со јачина од 100 километри на час. Тајфунот се засилува во Пацификот и се очекува дополнително да зајакне во следните 36 часа до ураган од трета категорија.
Властите издадоа предупредувања за свлечишта и поплави и ги повикаа жителите да се евакуираат.
