свет

Во Шведска регистриран првиот случај на инфекција со мајмунски сипаници

16.08.2024 09:02

Како што наведуваат здравствените власти, пациентот се заразил при посета на делот од Африка најпогоден од вирусот...

Првиот случај на инфекција со мајмунска сипаница е регистриран во Шведска, еден ден откако СЗО прогласи глобална вонредна состојба. Како што наведуваат здравствените власти, пациентот се заразил при посета на делот од Африка најпогоден од вирусот. Според нив, засега нема никаков ризик за општата популација. Министерот за здравство изјави дека Шведска е добро подготвена за вирусот и дека е обезбедено доволно снабдување со вакцини.

„Добивме потврда дека во Шведска имаме случај на посериозен тип на мајмунски сипаници. Секако ова е нешто што го сфаќаме сериозно. Во исто време имаме воспоставено протоколи и системи за справување со заразата. Агенцијата за јавно здравје на Шведска ја координира работата на национално ниво и е во постојан контакт со регионалните единици за контрола на инфекции“, изјави Јакоб Форсмед, министер за здравство на Шведска.