Партии

Средба на Ахмети со бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов, најавите за дестабилизација на маса

16.08.2024 12:01

Ахмети истакнал дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицкоски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали...

Најавите за дестабилизација на маса пред лидерот на ДУИ Али Ахмети и бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов. Ахмети истакнал дека ДУИ е државотворна партија, а тврдењата на премиерот Мицкоски за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за да се дефокусира јавноста од недостиг на резултати и секојдневни владини скандали.

ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин исцениран обид за дестабилизација и ги повикува албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет.

Ахмети и Ангелов разговарале и за коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори Охридски, Преспански и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет.