Поголема заштита на мајчинството
Поголемата здравствена заштита и на бремената жена, и на мајката родилка и нејзиното дете, ќе овозможи поголема вклученост на жената на пазарот на труд, е заклучокот од денешната работилница во организација на министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација на трудот од Женева...

Наспроти основната заштита од девет месеци платено породилно отсуство и можноста за дополнително неплатено родителско отсуство до три месеци, за ресорниот министере клучна и забраната за дискриминација. Таа опфаќа, меѓу другото и платена едноиполчасовна пауза за доење дневно, како и враќање на работа пред истекот на породилното.
„Така работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство. При вработување утврдена е и забраната за барање други исправи и докази кои не се во непосредна врска со работниот однос, а вклучува забрана за барање на тест за бременост или потврда за таков тест при склучување договор за вработување соработничка, без оглед на работното место за кое се заснова работниот однос“, вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Лаура Адати, меѓународен експерт, посочи дека рамнотежата меѓу семејниот и професионалниот живот се манифестира со здрави семејства на вработени , но и со развој и продуктивност во економијата.
„На овој начин ќе имаме посреќни родители чии таленти ќе може да се искористат до максимум, па на тој начин ќе има и среќни, вработени, како и здрави семејства“, рече Лаура Адати, експерт за заштита на мајчинството од МОТ Женева.
Таа смета дека треба да се вложат поголеми напори за спроведување на законодавството, но и наможноста за користење татковско отсуство, за поголемо негово вклучување во одгледувањето на детето.
Марија Котовска
