судство

На итна седница на Судскиот совет, укината функцијата врховен судија на Наќе Георгиев

16.08.2024 14:17

Врховниот судија Наќе Георгиев остана без својата функција – судија. Според Законот, тој повеќе не може да ја извршува должноста бидејќи е осуден на казна затвор. Ова го констатира Судскиот совет на денешната седница. Членовите на Советот се разочарани, велат судија кој признал вина дека примил поткуп, не може да суди за правда...

Експресно на итна седница на Судскиот совет беше укината функцијата врховен судија на Наќе Георгиев кој се спогоди со Обвинителството за помала казна по обвинувањата за земање поткуп.

Судскиот совет констатираше престанок на функцијата согласно со законот којшто предвидува дека на судија му престанува мандатот ако меѓу другото е осуден на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци.

Наќе Георгиев се товареше дека како судија зел поткуп од 10 илјади евра за да издејствува помала казна на поранешниот градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за шверц на цигари и марихуана, а во случајот бил вмешан и Иџет Мемети како заменик-претседател на Советот на јавни обвинители.

 

Ирина Гелевска