Македонија

Сиљановска-Давкова на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

16.08.2024 17:03

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ којашто под нејзино покровителство се одржува во Охрид до 29 август 2024 година.

Истакнувајќи дека македонскиот јазик и Семинарот за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имаат не само национално, туку и пошироко интернационално значење, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека истиот е сјаен преплет на врвна наука, едукација во пракса, развој на лекторати по македонистика во светот, соработки, вмрежувања, нови проекти, како и културна дипломатија. Претседателката додаде дека верува дека развојот на културниот туризам како важна општествена и економска гранка, како еден од приоритетите навистина ќе вроди со плод.