Прилеп

Пожарот во Долнени активен, но под контрола

16.08.2024 17:50

Пожарот во Долнени кој се разви во два крака, е активен веќе два дена. Пожарникарите се борат огнената стихија да не го зафати манастирот во зрзе. Се надеваат до крајот на денот да го изгаснат. Имаше и воздушна поддршка. Потребна е контрола на депониите.

Десетина прилепски пожарникари настојуваат да го контролираат пожарот во Долнени да не го зафати манастирот Зрзе. Гори деградирана шума во високи непристапни предели околу ридот над манастирот.

Побарана е и добиена воздушна поддршка во гаснењето, а се побара и соработка од Општина Макердонски Брод.

Пожарот кој се разви во два крака се проширил од депонијата кај долненсокот село Дебреште. Потребна е голема контрола на депониите, но тешко се успева, признават од локалната самоуправа

Пожарникарите се надеваат довечер да го изгаснат огнот.

 

Елизабета Митреска