АРМ

Генерал-мајор Сашко Лафчиски нов началник на Генералштабот на АРМ

16.08.2024 19:12

Македонската армија добива нов началник на Генералштабот. Претседателката и врховен командант, Сиљановска - Давкова одлучи на ова место да го постави генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Македонската армија добива нов началник на Генералштабот. Претседателката и врховен командант, Сиљановска - Давкова одлучи на ова место да го постави генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Поради истек на мандатот, досегашниот началник на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски е разрешен и тој ќе биде советник на началникот за борбена готовност и операции. Примопредавањето на функцијата ќе се изврши на 18-ти август, на Денот на Армијата.

Денеска со оддавање почит на загинатите припадници и положување венци и цвеќиња на спомениците почна одбележувањето на Денот на македонската армија. По тој повод, делегации на Армијата, Министерството за одбрана, претседателскиот кабинет и организациите на резервни старешини положија цвеќиња и на гробовите на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски на градските гробишта Бутел во Скопје.

Централната свеченост за денот на армијата и 32-годишнината од формирањето ќе се одржи в недела во Охрид.