Земјоделски задруги да има, ама и унапреден систем
Со години не профункционирале земјоделските задруги во земјава, став на асоцијации, земјоделци, експерти. Земјоделските задруги се бенефит, позитивна практика во светот, но ни требаат унапреден систем и законски одредби …

Здружување на земјоделците, производство, профит, остварен пласман. Земјоделското задругарство во земјава со години никако да профункционира. Незадоволството е кај земјоделците, здруженијата, кај аналитичарите, експертите, па и кај мрежата на земјоделски задруги.
Светот ги препознаа земјоделските задруги како успешни, кај нас се како слово на хартија. Задругите треба да ги има за да се обезбедат заеднички пристап до производството и пласманот.
Регистрирани се 76, а функционираат 50-тина задруги со слаб импакт во БДП и бројот на вработеноста. Целиот систем треба да се унапреди. Задругите не се само сојузи, туку претприемачки, конкурентски модел по кој живее светот.
Надлежното министерство најавува промена на Законот за земјоделство и рурален развој каде ќе се дефинираат земјоделските задруги и нивното здружување.
Елизабета Митреска
