Девет лица загинаа во израелски напад во Либан
Хезболах рече дека ќе ги запре нападите врз Северен Израел откако ќе има прекин на огнот во Газа. Во борбите загинаа повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи 100 цивили во Либан. На израелска страна загинаа 22 војници и 25 цивили.

Најмалку девет лица во израелски напад во Јужен Либан. Меѓу загинатите има жена и дете. Уште петмина се ранети, од кои двајца се во критична состојба. Хезболах и Израел изведуваат напади од 8-ми октомври, ден по ненадејниот напад на палестинската група Хамас во Јужен Израел што ја поттикна тековната војна меѓу Израел и Хамас во опколениот појас Газа.
Хезболах рече дека ќе ги запре нападите врз Северен Израел откако ќе има прекин на огнот во Газа. Во борбите загинаа повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи 100 цивили во Либан. На израелска страна загинаа 22 војници и 25 цивили.
Во израелски напад врз центарот на Газа, пак, загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои четири деца и шест жени.
