Свет
Група поврзана со ИД извршила серија масакри во Конго
17.08.2024 13:11
Во изминатите два дена оваа група извршила серија напади врз локалното население на територијата Мамбаса во провинцијата Итури.

Најмалку 16 луѓе се убиени, а 20-мина биле киднапирани во североисточно Конго. Одговорноста ја презеде милитантната група Сојузнички демократски сили која е поврзана со Исламска држава.
Во изминатите два дена оваа група извршила серија напади врз локалното население на територијата Мамбаса во провинцијата Итури.
Меѓу киднапираните се и роднини на претставниците на локалната влада.
