Незадоволните групи ќе има каде да демонстрираат во текот на ЗОИ 2014

Зони за јавни протести во Сочи

11.12.2013 11:44

Русија ќе одреди посебни зони за јавни протести и демонстрации во текот на Зимските Олимписки Игри во Сочи 2014, соопшти претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) Томас Бах по првиот состанок на Извршниот Одбор откако во септември беше избран за наследник на Жак Рог. Со ова, земјата домаќин на големиот настан ќе се обиде да ги намали меѓународните критики по обвинувањата за кршење на човековите права, особено со новата анти-геј легислатива.

Ја поздравуваме објавата на Организацискиот Комитет на ЗОИ 2014 дека во Сочи ќе има зони за луѓето коишто ќе сакаат да протестираат против нешто. Демонстрантите ќе можат да го прават тоа на посебни места. За ова веќе подолго време се разговараше со ИОК. Таквите територии ќе бидат во Сочи“, рече Бах.

Сепак, деталите за тоа каде ќе бидат поставени ваквите зони за протести се уште се нејасни. Слични такви имаше и во текот на ЛОИ 2008 во Пекинг, но беа во делови од градот предалеку од спортските борилишта, па останаа речиси неискористени.

Силни дебати околу анти-геј пропагандата и легислативата и воопшто околу состојбата со човековите права во Русија доминираат во предвечерјето на првите Олимписки Игри, коишто ќе се одржат во земјата по летната Олимпијада во Москва 1980. Изразувајќи несогласување со начинот на кој Русија ги третира малцинските групи, повеќе важни европски политичари и функционери најавија дека нема да присуствуваат во Сочи.