1.000 невработени на обука кај познат работодавач
Илјада невработени годинава ќе минат на обука кај познат работодавач. За тоа добиваат и надоместок, а по три месеци, компанијата има обврска да вработи најмалку половина од луѓето кои се на обука. Досега преку оваа мерка се вработени над 6.500 луѓе...

Веќе неколку месеци скопјанецот Зоран Ѓорѓиевски е на терен. Промовира медицинска опрема во аптеките. По неколку години без работа, тој повторно доби можност, ја искористи и се врати на старата професија.
„Повторно во оваа фирма го работам истото, тоа е моја среќна околност. Користејќи ја можноста што ја нуди Аганцијата за вработување да се зголеми бројот на вработените преку програмата субвенционирано вработување кај познат работодавач“, вели Ѓорѓиевски.
Но, Зоран не е единстевн што сега е ангажиран преку активните мерки за вработување во оваа фирма. Преку субвенционирано вработување кај познат работодавач има вработено уште тројца и едно лице до 29 години со високо образование. Сопственикот Глигор Ставров им подава рака на невработените. Им дава можност да се обучат, а потоа ги вработува. Освен што невравботените добиваат работа и тој како работодавач има бенефит.
„Бидејќи сме фирма која е релаитивно нова без некој капацитет за вработување без капацитет за вработување на еден, двајца или повеќе луѓе. И затоа мерките ни се од голема помош и поддршка“, вели Глигор Ставров, управител на претријатие за промет на лекови на големо и потрошен медицински материјал.
По обука од три месеци работодавачот има обврска да вработи најмалку до 50 проценти од вклучените во обуката. За време на подготовката невработените ќе добијат 5.700 денари месечно, со осигурување, а компанијата ќе добива 4.080 денари за подршка на обуката.
Годинава за ова мерка ќе бидат опфатени 1.000 неварботени, заинтересираните можат да се пријават во некој од 30 – те центри за вработување низ државава. Преку ова мерка изминативе 6 години вработени се 6.600 невработени
Наташа Јанчиќ
