Консензуалната правда е спогодување, а не пазарење
Наместо инструмент за консензуална правда, спогодувањето има тенденција да стане форма на злоупотреба за постигнување одредени лични цели, вели за МТВ универзитетскиот професор Буџакоски. Последните случаи имаат претходница во судската пракса во случаите Таргет, Тврдина и други на СЈО каде признанијата за вина на дел од обвинетите, се употребувале како доказ за сторено дело на другите обвинети…

Спогодувањето не смее да биде пазарење. Инструментот за консензуална правда за жал има тенденција да стане форма на злоупотреби за постигнување одредени лични цели, на сметка на целите на заедницата, вели за МТВ универзитетскиот професор Буџакоски. На последните случаи со врховниот судија Георгиев и обвинителот Мемети им претходеле и случаите Таргет, Тврдина и други на СЈО, каде признанијата за вина на дел од обвинетите, се употребувале како доказ за сторено дело на другите обвинети. Вака изречените казни според Буџакоски, не ја исполнуваа целта на казнувањето.
Дали и што се смени во однос на правораздавањето од минатото и сега кога граѓаните речиси немаат никаква доверба во системот, Буџакоски го посочува освен големото политичко влијание и вмешаност во него, и самите нас затоа што заедно вели, создадовме менталитет на правда преку договарања.
Длабок рез и реформа смета универзитетскиот професор и тоа час поскоро, далеку од рацете на партиите и политичарите е најдобриот начин за брзо заздравување на правосудниот систем.
Фиљана Кока
