Генерал - мајор Сашко Лафчиски ќе ја преземе должноста началник на генералштабот на Армијата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во петокот (16 август) во пресрет на Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.

На Централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата, денеска во Охрид ќе се изврши церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата од досегашниот началник на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на новопоставениот началник на ГШ, генерал - мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во петокот (16 август) во пресрет на Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.
Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции, соопшти Кабинетот на претседателката.
