Воен конфликт

Продолжуваат руските напади со балистички ракети врз Киев

18.08.2024 09:41

Ова е веќе трет балистички напад врз главниот град во август, со интервал од точно шест дена помеѓу секој напад, изјави шефот на воената администрација во Киев.

Русија го подложи украинскиот главен град Киев на трет напад со балистички ракети овој месец, според прелиминарните податоци дека сите проектили биле уништени кога се приближиле до градот, соопшти воената администрација на украинската престолнина, цитирана украинските медиуми.

Ова е веќе трет балистички напад врз главниот град во август, со интервал од точно шест дена помеѓу секој напад, изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

„Според прелиминарните информации, Русите повторно, трет пат по ред, најверојатно користеле севернокорејски балистички ракети“, додаде тој.

Се известува и дека нападот бил речиси идентичен со претходните.