Ахмети и Орав разговараа за „Монструм“

08.07.2014 19:00

Ахмети и Орав разговарале околу ситуацијата во земјава по изречувањето на пресудата против 6 лица со доживотен затвор за случајот „Монструм“...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, со кого разговарале за ситуацијата во Македонија по изрекувањето на пресудата за случајот „Монструм“.

Како што наведуваат во сооштението од ДУИ, амбасадорот Орав нагласил дека официјален Брисел заедно со претставниците на меѓународната заедница во земјава со внимание ги следат настаните во Македонија поврзани со овој случај.

Ахмети ги нагласил очекувањата дека Апелациониот Суд ќе ги земе предвид сите општествени смонежи во врска со развивањето на судењето во случајот „Монструм“ и дека ќе одлучи праведно. 

„Нарушениот кредибилитет на овој процес може да ја поврати довербата на јавноста само преку еден транспарентен процес во кој што ќе се презентираат доказите и ќе се докаже вината. Овој процес треба да се надгледува од искусни експерти од меѓународната заедница кои што ќе имаат целосен пристап врз целиот процес и сите докази“ рекол лидерот на ДУИ на средбата со амбасадорот на ЕУ.

Од ДУИ соопштуваат и дека Ахмети рекол оти е заедничка одговорност да се идентификуваат и да се надминат напорите за селективна правда, но и судиите и обвинителите што ги вршат своите задачи со предрасуди за да се подигне довербата на граѓаните во судските процеси.