Гаши со службено возило бил на свадба во Косово
Либерално демократската партија прашува дали Гаши носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата?

Собранискиот спикер Африм Гаши со службено возило бил на свадба во Косово. Либерално демократската партија прашува дали Гаши носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата?
Ако имал, бараме образложение по кој основ е издаден тој налог, за која намена, во кое времетраење и нормално, колку сето тоа нѐ чини нас, од чии даноци и се одржуваат возилата и државниот возен парк.
Од МВР нагласија дека се вршат проверки од надлежните по што ќе се изјаснат дали собранискиот спикер направил злоупотреба со тоа што користел службено возило во приватни цели.
