Специјална комисија на Судскиот совет ќе одлучува дали има пропусти во одлуката на Пајазити
Членовите на Судскиот совет ќе проверуваат зошто по приведувањето на Рамадани при влез во земјава поради меѓународна потерница и барање за екстрадиција во Србија за воени злосторства на Косово, било дозволено тој да престојува во домашен притвор кај роднини во скопски Чаир.

Со почетокот на новата работна недела, специјалната комисија на Судскиот совет ќе оценува дали имало пропусти во одлуката на судијата Пајазит Паразити од Кривичниот суд Скопје за бегството на косовецот Блерим Рамадани, којшто од домашен притвор избега од земјава.
Членовите на Судскиот совет ќе проверуваат зошто по приведувањето на Рамадани при влез во земјава поради меѓународна потерница и барање за екстрадиција во Србија за воени злосторства на Косово, било дозволено тој да престојува во домашен притвор кај роднини во скопски Чаир.
Еден ден откако Обвинителството побарало да се врати во затвор, Рамадани ја напуштил државата без да биде откриен од полицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа судијата Пајазити најпрво да биде разрешен од функцијата судија, а потоа и казнет за бегството на Рамадани, но и за условната казна за екс-врховниот судија Наќе Георгиев и заменик-претседателот на Советот на обвинители, Иџет Мемети за земање поткуп, но и за случајот за упад во контролата на летање. Од СДСМ, вината за бегството на Блерим Рамадани ја вперуваат во министерот за внатрешни работи Тошковски.
И додека траат обвинувањата околу одговорноста за бегството на Рамадани по кого државава распиша национална потерница, а од Србија сè уште е активна меѓународната, адвокатот на Рамадани, Кочи се изјасни дека Косово нема да го екстрадира, а од Македонија може да ги побара сите документи да го анализира случајот и да започне постапка за негово судење, што е убеден ќе заврши со ослободителна пресуда.
Ирина Гелевска
