Свет

Израелските трупи дејствуваат во Појасот Газа

18.08.2024 17:06

Во меѓувреме во израелските напади низ Газа во текот на ноќта загинаа 19 лица, меѓу кои една жена и нејзините шест деца. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен се упати во регионот за да се обиде да склучи договор за прекин на огнот по неколкумесечни преговори...

Израелските поморски радарски системи забележале неидентификуван авион во близина на брегот на Цезареја, градот во кој премиерот Бенјамин Нетанјаху има куќа на плажа.

Ова предизвикало итно распоредување на борбени авиони на израелските одбранбени сили во областа. Официјалните лица првично се сомневале дека во прашање е шпионски дрон испратен од исламистичка организација од Либан, која има поддршка од Иран и целта на Хезболах била да ја фотографира викендичката на израелскиот премиер.

Во меѓувреме во израелските напади низ Газа во текот на ноќта загинаа 19 лица, меѓу кои една жена и нејзините шест деца. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен се упати во регионот за да се обиде да склучи договор за прекин на огнот по неколкумесечни преговори. Хамас сигнализираше отпор кон новите барања на Израел, а долготрајните разговори постојано беа во застој.

Портпаролот на израелските одбранбени сили им нареди на жителите во Магази и околните области да се евакуираат во „хуманитарната зона“ пред претстојната операција против палестинската милитантна група Хамас.

„Израелската армија нè контактираше и ни рече да се евакуираме. Веќе сме евакуирани четири или пет пати. Ние сме од источен Магази. Без пари, не можеме да се движиме бидејќи ни кажуваат да одиме на локации во Кан Јунис и мора да одиме. Зошто ни го прават ова? Нè уништија“, вели палестинска бегалка.

„Не знаеме каде да одиме. Секој ден сме раселени на друго место. Не знаеме каде да останеме или каде да одиме. Никакво безбедно место во цела Газа. Нè известија да се евакуираме од областа во која одиме, иако е опасно, ни рекоа да се евакуираме не знаеме каде да одиме.“

Во воената кампања на Израел во Газа загинаа над 40.000 Палестинци, според локалните здравствени власти, раселено е огромното мнозинство од 2,3 милиони жители на територијата и e предизвикана хуманитарна катастрофа.

Игор Панов