Ин мемориам

Почина академик Глигор Каневче

18.08.2024 17:32

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 10 мај 2000 година, а од 2012 година е раководител на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ.

Во 78-та година од животот, почина академик Глигор Каневче, редовен член на МАНУ.

Докторирал на Технолошкиот факултет во Нови Сад. Работел во институтот „Борис Кидрич – Винча“ и како асистент на Машинскиот факултет во Белград. Во периодот од 1983 до пензионирањето во 2011 година работи како професор на Техничкиот факултет во Битола.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 10 мај 2000 година, а од 2012 година е раководител на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ.

Научниот опус на академик Каневче претставува комбинација на теоретски, експериментални и апликативни истражувања, кое резултирало со над 200 научни и стручни трудови во земјата и во странство и со реализација на стратешки проекти од национален и меѓународен карактер.