Формирани полуфиналните двојки на Мастерсот во Синсинати
18.08.2024 11:43
Во полуфиналето на Мастерсот, Руне ќе се сретне со Американецот Френсис Тиафо.

Данецот Холгер Руне ноќеска го победи Британецот Џек Дрејпер во четвртфиналето на турнирот од серијата АТП 1000 во Синсинати, САД со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2.
Во полуфиналето на Мастерсот, Руне ќе се сретне со Американецот Френсис Тиафо.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Јаник Синер од Италија и Александер Зверев од Германија.
Кај тенисерките денешните двојките за полуфиналето се:
Швјонтек (Полска) – Сабаленка (Русија) (почеток 17 часот)
Пегула (САД) – Бадоса (Шпанија) (19 часот).
