МВР врши проверки, кабинетот на Гаши тврди дека посетата на Косово била транспарентна
Опозициската ЛДП побара одговор дали со себе носел патен налог и како може да го оправда патувањето и употребата на службеното возило.

Министерството за внатрешни работи проверува дали собранискиот спикер Гаши со службено возило заминал во Косово, откако на социјалните мрежи беа објавени снимки од мобилен телефон на кои е регистриран во редица на свадбена поворка.
Опозициската ЛДП побара одговор дали со себе носел патен налог и како може да го оправда патувањето и употребата на службеното возило.
Од законодавниот дом, пак, соопштија дека претседателот на Собранието вчера заедно со семејството отпатувал во Косово, а посетата според нив била целосно транспарентна и усогласена со потребните процедури.
Во дописот тврдат дека пред неговото поаѓање биле известени и МВР и МНР и била доставена потребната документација.
