СДСМ тврди дека починала пациентка која не била примена ниту на КАРИЛ ниту на Инфективна клиника
Директорот на Инфективната клиника ги отфрла обвинувањата на опозцијатаа дека пациенти со Ковид кои имаат потреба од респиратона поддршка не се примааат на клиниктата...

СДСМ тврди дека починала пациентка која во лоша состојба не била примена на интензивна нега на Инфективната клиника, а претходно била одбиена и од КАРИЛ. Во соопштението велат дека ова е скандалозно и итно бараат директорите на клиниките да одговрат зошто не била хоспитализирана. Прашуваат зошто не интервенирал и министерот Таравари. Бараат истрага и одговорност за смртта на пациентката.
Директорот на Инфективната клиника ги отфрла обвинувањата на опозцијатаа дека пациенти со Ковид кои имаат потреба од респиратона поддршка не се примааат на клиниктата бидејќи наводно не работел одделот за интензивна нега.
Доктор Фадил Цана вели дека се обезбедува неопходната здравствена заштата.
