Временска прогноза

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд

19.08.2024 08:41

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град...

Времето денеска  ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.