Јолевски во САД: Република Македонија е кредибилен и достоен партнер
Министерот Зоран Јолевски оствари работна средба со сенаторот Џон Меккејн, со конгресменот Мајкл Конавеј, а имаше и работен ручек со сегашни и поранешни високи функционери во американската администрација.
Вчера во рамките на посетата на САД, министерот за одбрана, Зоран Јолевски оствари работна средба со сенаторот Џон Меккејн, со конгресменот Мајкл Конавеј, а имаше и работен ручек со сегашни и поранешни високи функционери во американската администрација.
Mинистерот Jолевски се заблагодарил за поддршката која САД ја дава на нашата земја. Додаде дека Република Македонија е кредибилен и достоен партнер, кој знае да возврати кон искажаното стратешко партнерство и пријателство и дека секогаш ќе биде со САД онаму каде што е најпотребно.
Сенаторот Mеккејн се заблагодарил за поддршката која Република Македонија ја дава кон мирот и безбедноста, преку учество во мисиите во Ирак и во Авганистан.
Во однос на проширувањето на нато сенаторот Меккејн изразил разочараност, затоа што како што истакнал, тој е еден од оние кои го поддржуваат проширувањето на Алијансата.
Министерот Јолевски подвлекол дека владата на Република Македонија останува посветена на евроатлантските интеграции и дека ќе продолжи со активностите за постигнување на овие цели.
