ЦУК

Дождот помогна, сите тешки пожари се изгаснати

19.08.2024 08:54

Земјава речиси два месеца се бореше со пожарите на отворено, дел од нив гореа со недели, а мораше да биде повикана и странска помош...

Дождот помогна да се доизгаснат неколкуте големи пожари кои беснееја подолго време, информираше директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов. Активни се неколку помали пожари со кои надлежните ќе се справуваат во текот на денешниот ден.

Земјава речиси два месеца се бореше со пожарите на отворено, дел од нив гореа со недели, а мораше да биде повикана и странска помош.

Во текот на август, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 се прошириле и, како што вели директорот на ЦУК Ангелов, биле тешки за гаснење.