Борби ширум Украина и руски Курск
Во регионот на Доњецк, Русите зазеле нова позиција напредувајќи на фронтот...

Продолжени борби ширум Украина и во рускиот Курски регион. Киев тврди дека Армијата на Путин е најактивна во правецот Покровски. Во регионот на Доњецк, Русите зазеле нова позиција напредувајќи на фронтот. Украинската војска соопшти дека уништила уште еден мост во Курск за да се отежне руската логистика. Зеленски за прв пат ја откри целта на операцијата во руската област, има за цел да создаде тампон-зона.
„Постигнавме добри резултати во уништувањето на руската опрема во близина на Торецк. И сето ова е повеќе од самоодбрана за Украина, сега е наша примарна задача во одбранбените операции во целина – да уништиме што е можно поголем руски воен потенцијал и да спроведеме максимални контраофанзивни дејства. Ова вклучува создавање на тампон-зона на територијата на агресорот – нашата операција во регионот Курск“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Зеленски ги повика меѓународните партнери да ја зајакнат поддршката за Украина и ја повтори потребата за побрза испорака на залихите од сојузниците.
