Мировниот договор во Газа незивесен, Блинкен во посета на регионот
Преговорите нема да одат лесно, бидејќи спротивставените страни не ги прифаќаат сите досега предложени решенија...

Едно лице загина во експлозија на камион-бомба која одекна во Тел Авив. Властите испитуваат можен терористички акт. Инцидентот доаѓа наспроти посетата на американскиот државен секретар Блинкен кој пристигна во регионот за да го зголеми дипломатскиот притисок за прекин на огнот во Газа откако Хамас ги отфрли новите предлози обвинувајќи дека Израел наметнува нови услови. Нетанјаху пак, прстот го впери во милитантите.
„Сè уште стоиме на истите принципи кои се одржливи за безбедноста на Израел и се во согласност со рамката од 27 мај, која доби американска поддршка. Сакам да нагласам дека Хамас досега беше целосно тврдоглав. Не испрати ниту претставник на разговорите во Доха. Затоа, притисокот треба да биде насочен кон Хамас и Синвар, а не кон владата на Израел“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Преговорите нема да одат лесно, бидејќи спротивставените страни не ги прифаќаат сите досега предложени решенија. Нова камен на сопнување е иднината на коридорот Филаделфија, границата Газа-Египет. Израел сака контрола, Хамас сака повлекување. Разговорите во Доха продолжуваат. Американскиот претседател Бајден оптимист дека договор е сè уште можен. Во истовреме, израелската армија продолжува со нападите низ Газа, фокусирајќи се на југот на енклавата.
