САД
Почнува Демократската национална конвенција во САД
19.08.2024 09:37
Четиридневниот митинг се очекува да привлече илјадници луѓе кои ќе ја поддржат Харис, која стана кандидат по повлекувањето на претседателот Џо Бајден...

Вечерва во Чикаго започнува Демократската национална конвенција на која треба да биде официјализирана номинацијата на Камала Харис за претседателски кандидат на Демократите на ноемвриските избори во САД. Четиридневниот митинг се очекува да привлече илјадници луѓе кои ќе ја поддржат Харис, која стана кандидат по повлекувањето на претседателот Џо Бајден.
Во истовреме се најавени протести поради незадоволството од политиката на демократската администрација кон Израел, кој води војна во Газа.
