Русија

По силниот земјотрес во Русија, се активираше вулканот Шивелуч

19.08.2024 09:47

Еруптираше и вулканот Ебеко на Курилските Острови...

Институтот за вулканологија на Руската академија на науките предупреди дека на полуостровот Камчатка во рок од 24 часа е можен нов земјотрес со интензитет од девет степени според Рихтер откако вчера беше регистриран разорен земјотрес со јачина од седум степени кој го активираше вулканот Шивелуч, исфрлајќи пепел во висина од пет километри. Еруптираше и вулканот Ебеко на Курилските Острови. Полуостровот Камчатка е едно од сеизмички најактивните области во светот поради дејството на пацифичките и северноамериканските тектонски плочи.

„Процесот на афтершокови ќе продолжи доста долго. Во наредните денови можеме да очекуваме доста силни изразени потреси со голем интензитет“, изјави Данила Чебров, директорка на огранок на Руската академија на науките.