Отворен огласот за закуп на државно земјиште
Во 10 општини земјоделците можат да конкурираат за закуп на 830 хектари државно земјиште. Земјиштето не може да биде поголемо од 10 хектари, а во зависност од културите ќе се издава од 15 до 50 години...

Право на учество на огласот имаат домашни физички и правни и странски правни лица. За фармерите е услов земјоделството да им е основна дејност, да се регистрирани или да се трговец поединец. За маслинарници, земјиштето се издава до 50 години, а за лозја, овоштарници и оранжерии до 30 години.
Максималната површина за кој може да се аплицира е 10 хектари.
Критериумите за избор се оддалеченоста на местото на живеење од земјиштето, понудената закупнина, правниот статус на понудувачот и планираното производство.
Почетната цена изнесува 25 евра за земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра од 5 до 8. Во планинските подрачја, од 1 до 4 катастарска класа почетната цена изнесува 15 евра, а за 5 до 8 класа 5 евра.
Понудите се поднесуваат во рок од 20 дена од денот на објавувањето на огласот од 2 јуни годинава.
Методија Трајков
